Им нема рамни – Торцида ветува спектакл, ред се чека за билети за меч на јуниорите на Хајдук (Фото)

Идната среда јуниорите на Хајдук ќе го играат најважниот меч во кариерата против Атлетико Мадрид во 1/16-финалето во Лигата на шампионите, а за билет за влез на „Пољуд“ се чека ред.

Денеска е првиот ден од продажбата на влезници за мечот од Лигата на шампионите за играчи до 19 години, а веќе се продадени 3 илјади билети.

Капацитетот на „Пољуд“ поради пандемијата со ковид-19 е намален на 40 отсто, односно ќе може да има околу 12.000 публика на сплитскиот стадион и се очекува експресно да бидат продадени сите билети.

Популарната навивачка група „Торцида“ најави присуство на мечот и спектакл како поддршка на младите фудбалери на Хајдук.

Хајдук на патот до 1/16-финалето ја елиминираше Шкендија со две победи, 3:1 на домашен терен и 2:0 на гости.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести