Им падна седумката и најтрофејниот првак во Европа, па грмнаа од среќа (Видео)

Интересни ќе бидат двата дерби-дуели во четвртфиналето на шкотскиот фудбалски куп и гостувањата на двете најтрофејни екипи, Глазгов ренџерс и Селтик во Данди.

Ренџерс, кој е број 1 во Шкотска, но и во Европа со вкупно 55 шампионски титули, ќе му биде гостин на ФЦ Данди на 12 март, а истиот ден ќе треба да играат и Данди јунајтед и 51-кратниот првак Селтик.

Хартс ќе му биде домаќин на Сент Мирен, а Мадервел на Хибернијан во четвртфинале што се игра само со еден меч, па победниците ќе играат во полуфиналето.

Многу интересно беше на ждрепката, кога беше извлечено топчето со името на ФЦ Данди.

Се очекуваше противникот, а падна седумката и Глазгов ренџерс, па имаше реакција од таборот на Данди и веднаш грмна песна како радост што на мегдан им доаѓа екипа која има и 33 пехари во Шкотскиот куп.

Dundee players reacting to drawing Rangers in the Scottish Cup from soccer

Данди има само еден пехар, и тоа освоен во 1910 година, па ќе се обиде да приреди подвиг и да го елиминира големиот фаворит.

Рекордерот со 40 куп-титули, Селтик, исто така ќе гостува во Данди, но на Јунјатед, екипа која има 2 пехари во Националниот куп.

Интересно е што сите четвртфиналисти имаат барем по една титула во ова натпреварување, а редоследот е:

Селтик 40, Глазгов ренџерс 33, Хартс 8, Хибернијан и Сент Мирен по 3, Мадервел и Данди јунајтед по две и ФЦ Данди една куп-титула.

 

 

- Оглас -

Најнови вести