Им падна товар од грбот – Звездашите прашуваат: Кој ќе го вози тенкот

Голем товар им падна од грб на симпатизерите на Црвена Звезда, а нивните миленици се првите во историјата што двапати по ред ги минуваат комплетно успешно квалификациите за настап во Лигата на шампионите.

Црвена Звезда и лани и годинава го мина комплетниот квалификациски филтер од почеток до крај и пак ќе игра со европскиот крем во фазата по групи.

„Кој ќе го вози тенкот“ се шегуваат навивачите на Црвена Звезда на социјалните мрежи и бараат јунак во успешно минатиот последен тест против Јанг Бојс.

Стрелецот Вукановиќ беше одличен, но се чини голманот Борјан ја сапси целата мисија, со неверојатна одбрана во самиот финиш на реванш мечот во Белград и спречи Јанг Бојс со победа од 2:1 да оди понатаму.

Тенкот што е паркиран пред стадионот „Рајко Митиќ“ предизвика многу контроверзи, но сега е време за радост на симпатизерите на Црвена Звезда, клуб кој ја има и титулата во елитното натпреварување, но под старото име Куп на европски шампиони.

- Оглас -

Најнови вести