Репрезентацијата на Шкотска се пласира на Светското првенство кое ќе се игра следната година, откако во решавачкиот меч на домашен терен со 4:2 ја победи Данска и го освои првото место во групата.
Мечот беше драматичен и решен буквално во судиското надополнување, кога Шкотите постигнаа два погодоци за победа и обезбедување виза за Мундијалот. Сепак, потегот кој посебно го одбележа овој дуел беше кога Шкотска поведе со 2:1 со голот на Скот Мектоминеј.
Ѕвездата на шкотскиот фудбал успеа да го матира Каспер Шмајхел со погодок постигнат со ножички.
Majestic. Magic. McTominay.#WCQ | @ScotlandNT pic.twitter.com/SRvJznFuqy
— UEFA EURO (@UEFAEURO) November 20, 2025
При скокот, Мектоминеј кога ја удира топката, со ногата е на висина од два метри и 53 сантиметри. Со овој потег Мектоминеј го надмина и Кристијано Роналдо, кој даде гол со ножички во четвртфиналето од Лига на шампиони во 2018 година. Тогаш, на мечот против Јувентус, Роналдо погоди со ножички откако со ногата достигна висина од 2,35 метри. Тоа значи дека Мектоминеј успеа да го надмине Роналдо за 18 сантиметри.
View this post on Instagram

