Истата селекција на Франција за играчи до 21 година која македонските младинци ја поразија лесно со 3-0, одигра само 1-1 на гостувањето кај Фарски Острови. Фараните приредија сензација, не се плашеа од противникот и ја искористија единствената шанса која ја имаа по киксот на голманот Мелие.
Чуварот на мрежата на Лидс е одличен голман, но и тој е човек од крв и месо и му се случува да погреши.
Македонската селекција кога играше против истата таа Франција, не се закани, туку се бореше да прими што помалку голови. Мислевме дека ептен се јаки Французите, но по нивното реми со Фарски Острови, се гледа не било баш така и дека и Франција си има слабости кои треба да се искористат.
Спортската дрскост е нешто што фали кај многу македонски спортисти кои не се почитуваат себеси доволно и тој менталитет треба да биде променет ако сакаме успеси.
Ова е голот на Фарски Острови за сензацијата пред три дена:
https://twitter.com/i/status/1435260067780218881