Германија и Романија во кус период и во иста седмица повторно паднаа во иста група, а младите селекции на двете земји ќе играат меѓу себе во првата фаза на Европското првенство за играчи до 21 година.
Претходно на 7 декември, сениорските репрезентации на Германија и Романија беа смесетни во иста квалификациска група за пласман на Мундијалот во Катар 2022, а со нив е и Македонија.
Денеска беа извлечени групите за младинското ЕП што ќе се игра во Унгарија и во Словенија. Германија, Романија, Унгарија и Холандија се ривали во А групата што ќе се игра во Унгарија.
Во Б групата се актуелниот европски шрвак Шпанија, Италија, Словенија и Чешка, а натпреварите во оваа група ќе се играат во Словенија.
Словенците ќе им бидат домаќини и на ривалите во Д групата, што ја сочинуваат Португалија, Хрватска, Англија и Швајцарија.
Во Ц групата со распоред на натпревари во Унгарија ќе играат Русија, Исланд, Франција и Данска.
Шампионатот ќе се игра во две фази. Првата е од 24-31 март, а потоа осумте најдобри селекции ќе играат нокаут-фаза од 31 мај до 6 јуни.
Финалето ќе се игра во Марибор на 6 јуни. Титулата ќе ја брани Шпанија, земја што има најмногу пехари, пет, заедно со Италија.