Им се стемни на атињаните, Фенербахче е финалист во Евролигата

Фенербахче беше подобар од Панатинаикос со 82-76 во првото полуфинале на фајнал-форот на Евролигата.

Завршницата се игра во Абу Даби, а Европа ќе добие нов кошаркарски првак, бидејќи лани Панатинаикос ја освои титулата. Фенербахче претходен пат беше финалист во 2018 година, кога загубија во финалето од Реал Мадрид.

Тимот на тренерот Шарунас Јасикевичиус беше аутсајдер, но ги надигра Зеленните детелники од Атина и ги израдува своите навивали, како и оние на Олимпијакос, кои го славеа поразот на нивниот лут ривал.

Олимпијакос вечерва игра со Монако во второто полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести