Им стигнаа 70 пријави за нов тренер, “Зелените“ од четвртата англиска лига подготвуваат историско решение

Сопственикот на Форест Грин, Дејл Винс, сериозно размислува да именува женски тренер на клубот што игра во англиската Лига 2, што би бил историски потфат.

Досега ниту еден клуб во машка конкуренција во Англија немал дама како шеф на стручниот штаб.

„Недостасуваат жени во машкиот фудбал. Сериозно размислувам за нов почеток и имам идеа наследник на Марк Купер да биде дама на кормилото на Форест Грин“, изјави Винс.

Тој објави дека во клубот пристигнале дури 70 пријави за нов тренер на Форест Грин, па одлуката нема да биде едноставна.

„Има многу интересни тренерски биографии што ни стигнаа во клубот. Ќе видиме, некако ме влече кон авангардно решение“, додаде Винс.

Во февруари за малку не се случи историскиот момент и женски тренер на клупата на машки клуб во Англија, иако Ема Хајес беше многу блиску до кормилото на Вимблдон, екипа што игра во Лига еден, или третиот по квалитет ранг на натпревари во Англија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести