6.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Им требаше двоглед: За овие места на Суперболот се плаќало по 3.400 долари (Видео)

Сиетл сихокс е освојувач на јубилејниот 60-ти Супер бол откако во финалето, без многу проблеми, го победи Њу Ингланс патриотс со 29:13. Најатрактивниот спортски настан во САД беше на стадионот „Левис“ во Санта Клара во Калифорнија, а на трибините имаше повеќе од 70.000 гледачи.

Тоа што беше нејверојатно е цената на билетите за оние кои сакаа во живо да го проследат ова спортско шоу. Цените за билетите за најодалечените места на стадионот се продавале по 3.400 долари, додека оние за ВИП просторот достигнале сума и до 30.000 долари.

Според ЕСПН, просечната цена на еден билет за овој Супер бол изнесуваше 7.500 долари. Тие што беа на најодалечените место беа подготвени, па добар дел од нив на стадионот се појавиле со двоглед за да може добро да гледаат што се случува на теренот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести