Вечерва им тргна на Хрватите со Франција, Зринка Љутиќ со доминантна победа во слалом

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ на доминантен начин триумфираше на слаломот во францускиот Куршевел, таа победи со предност дури од 1,26 секунди подобро време пред второпласираната Сара Хектор.

За 21-годишната Зринка ова е трета слаломска победа сезонава и сега е втора во генералниот пласман во оваа дисциплина.

Трката во Куршевел ја одбележа и враќањето на Микаела Шифрин. Американката имаше тешка повреда од која конечно закрепна, а денеска трката ја заврши само на десеттото место, што е преслабо за неа, но очигледно дека уште се присутни стравот и претпазливоста кај најуспешната на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести