Му врие крвта и на 41 година – Ветеранот Хоакин не им се предава на помладите, направи гужва во клинч со пргавиот Гендузи (Видео)

Легендата на Бетис, Хоакин Санчес, и пргавиот играч на Олимпик Марсеј, Матео Гендузи, беа главни актери на инцидентот на пријателскиот дуел меѓу двете екипи што се играше во Честерфилд.

Ветеранот Хоакин, кој има 41 година, влезе во клинч со 23-годишниот Гендузи, а во гужвата на терен се приклучија и останатите играчи на двете екипи.

Joaquin (41) and Matteo Guendouzi (23) at the centre of handbags during Marseille vs Betis’ friendly in Chesterfield last night from soccer

Инцидентот се случи во самиот финиш на мечот што заврши нерешено 1:1, а епилогот на „немирите“ на терен беа жолтите картони за Хоакин и за Гендузи.

 

- Оглас -

Најнови вести