Играчот за врска на Тотенхем Деле Али, постепено ја враќа претпознатливата форма откако минатата сезона често беше на удар на критичарите. Исто така честите повреди го спречуваа во целост да се истакне, а сега изненади со изјавата дека неговото тело не може да го издржи напорот, иако има само 23 години и пред него е уште долга кариера.
„Имав глупави повреди и тоа тешко го поднесував. Бев помлад и наивен, не обрнував многу внимание на тоа, а сега приметувам дека се одразува на мене. Сега моето тело не може да го издржи напорот како некогаш, па затоа морам на различен начин од останатите да ги правам сите физички вежби. На пример почесто вежбам да ги зацврстам препоните, а знам дека и минималниот процент на напредок помага. Уште сум млад, но на поинаков начин се трудам да ги сфатам работите и да учам што повеќе од сите грешки кои сум ги направил“, истакна Али.
Англискиот репрезентативец сезонава запиша 12 настапи во сите натпреварувања на кои реализира три погодоци и две асистенции. Подобрувања во неговата игра се забележа уште во првиот меч на Жозе Мурињо на клупата на Петлите, Али беше еден од најдобрите играчи на теренот во победата од 3-2 против Вест хем.