Има 30 години, ѕвезда е во Барселона, а уште чека татко му да го однесе на тренинг

Жарарт Пике минатата година стави крај на репрезентативната кариера, па дефанзивецот на Барселона сега има повеќе време да одмора за време на репрезентативните собири. Тој беше гостин на едно телевизиско шоу, каде што зборуваше за тоа како се одвиваат тренинзите во Барселона.

Во еден момент Пике беше запрашан за тоа што појадува младата ѕвезда Ансу Фати, кој на 17 години покажува дека треба да биде иднината на Барселона. Додека го даваше одговорот за Фати, Пике откри еден необичен детал за Жорди Алба.

„Искрено не сум размислувал за тоа што јаде Фати, а и не ме интересира премногу. Тој уште е малолетен и затоа татко му го носи на тренинг. Доаѓа на тренинг заедно со својот татко кој го вози, исто како и Жорди Алба што доаѓа на тренинг“, рече Пике.

Водителот се збуни од фактот дека Алба уште нема возачка дозвола бидејќи има 30 години.

- Оглас -

Најнови вести