Има 30-тина повредени: Жена го возела автомобилот кој ги прегази навивачите на Еспањол (Видео)

Околу 30 навивачи на Еспањол се повредени, но за среќа ниту еден не е потешко, по инцидентот што се случи пред градското дерби против Барселона.

Додека навивачите на домашниот тим се подготвуваа да влезат на стадионот, автомобил, кој според некои медиуми бил управуван од жена, се залетал и прегазил група фанови на Еспањол.

Фановите на Еспањол бараа дуелот да биде прекинат, но главниот судија по консултации со двацата капитени, но и во договор со полицијата, средбата продолжи.

Страшниот инцидент и газењето на навивачите може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести