Некогашниот италијански првак Милан утре ќе добие големо засилување. „Росонерите“ во своите редови ќе го доведат Кжиштоф Пјонтек од Џенова. Полјакот сезонава игра одлично. Во Серија А на 19 меча даде 13 голови, а во два меча во Купот на Италија на две средби погоди дури шест пати.
Со вакви статистички податоци зад себе, Милан не можеше да одолее и реши да потроши 35 милиони евра за да го доведе на „Сан Сиро“. Договорот треба да биде комплетиран утре, а Полјакот да дебитира во „црвено-црниот“ дрес на мечот против Наполи.
Пјонтек го одбра Милан, иако за него се интересираше и Челзи. Напаѓачот помина само неколку месеци во тимот на Џенова, каде што дојде од екипата на Крајова само за 4,5 милиони евра. Тоа значи дека Џенова ќе заработи речиси осум пати повеќе од тоа што вложи за Пјонтек во претходниот преоден рок.
Младиот 23-годишен централен напаѓач треба да биде замена за Гонзало Игуаин, кој замина кон Лондон во дресот на Челзи.