-2.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Има два меча за Ливерпул, на двата доби црвени картони само за 16 минути на теренот

Младиот 18-годишен фудбалер на Ливерпул, Амара Нало, има само два настапи за првиот тим на Црвените, а и на двата меча беше исклучен.

Нало вечерва одигра 12 минути на мечот со Кристал палас пред да добие црвен картон и предвреме да го напушти теренот. Нало влезе во 67-мата минута, а веќе во 79-тата беше исклучен.

На дуелот со ПСВ од Лигата на шампионите на 29 јануари, кога дебитираше, беше исклучен само четири минути по влегувањето во игра, а исто како и вечерва, и тоа беше директен црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести