Раководството на Манчестер јунајтед ги разгледува Томас Тухел и Роберто Де Ѕерби како главни кандидати за позицијата менаџер на тимот, објави познатиот новинар Дејвид Орнштајн од „Атлетик“.
Според изворот, овие стручњаци се фаворити за замена на Рубен Аморим доколку Јунајтед одлучи да го одложи назначувањето на менаџер до летото.
Германецот Тухел во моментов работи како селектор на репрезентацијата на Англија, а Италијанецот Де Ѕерби го води Марсеј. Двајцата имаат искуство од работа во Премиер лигата, Тухел го водеше Челзи, додека Де Ѕерби беше на чело на Брајтон.
Инаку, долга е листата на потенцијални кандидати, се спомнува и Шпанецот Чави, Норвежанецот Оле Гунар-Солскјер сам се нуди и кажа дека веднаш би прифатил, а некои фанови сметаат дека идеално решение би бил поранешниот англиски селектор Герет Саутгејт.

