Има само еден пораз што го расплака и челичниот Мурињо

Има еден пораз што го расплака и челичниот Жозе Мурињо, а неуспехот на Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн во 2012 година го фрли во очај Португалецот.

Реал Мадрид загуби на пенали, по утките на Кристијано Роналдо, Кака и Серхио Рамос, па Баерн се пласира во финалето и му излезе на мегдан на Челзи, а Мурињо плачеше заедно со Аитор Каранка.

„Тоа е единствениот пат кога сум се расплакал по фудбалски пораз. Имавме најдобар тим во Европа, но немавме среќа. Замислете и фудбалски величини како Роналдо, Кака и Рамос промашија од белата точка. Се случуваат и такви работи во фудбалот. Бевме пред мојата куќа во автомобилот со Аитор Каранка и долго молчевме и плачевме“, вели Мурињо во интервју за „Марка“.

Таа сезона Реал Мадрид беше навистина моќен и успеа да ја сопре доминацијата на Барселона во Ла Лига, освојувајќи ја домашната титула со пет срушени рекорди.

Кралскиот клуб стана првак на Шпанија со 100 бода и 121 постигнат гол што е рекорд во Ла Лига, а со 50 бодови на домашен терен, со 51 постигнат гол на „Сантијаго Бернабеу“ и со 16 победи на својот фудбалски храм испиша историја во шпанското првентство.

- Оглас -

Најнови вести