Коњаспор – Фенербахче (Суперлига на Турција,18ч)
Дел од натпреварите во Турција ќе се играат без публика, така ќе биде и на овој дуел во Коња, кадешто тимот на Фенербахче гостува во рамки од 26-тото коло. Фенерите се во кризен период и без победа во последните шест кола, па затоа и заостануваат со двоцифрен број на бодови зад водечките Трабзонспор и Басакшехир.
И Коњаспор не е во добра форма, а воедно се бори за опстанок, што значи дека битката за трите бода ќе биде тесна и неизвесна. Во првата овосезонска пресметка на овие две екипи, Фенербахче на домашен терен триумфираше со убедливи 5-1, додека на последните пет гостувања во Коња загубија само еднаш во мечеви од лигашки рамки.
Со примени 33 гола по 25 меча, значи дека одбраната на Фенербахче и денес ќе дозволи гол во својата мрежа, но најверојатно ќе се радува на триумф.
Предлог тип: X2 & 1-3 (1.98)
Аланијаспор – Газијантеп (Суперлига на Турција, 15ч)
Аланија од почетокот на минатиот месец не забележа победа во првенството, а дуелот против Газијантеп е добра прилика да се прекине лошата серија. Домашниот тим во минатото добро се справуваше со нивниот денешен противник во рамки од втората турска лига, каде што ги доби четирите средби во кои постигнаа вкупно 10 гола, а примија само два во својата мрежа.
Овосезонската прва пресметка не донесе победник при конечни 1-1, а фактот што ќе се игра пред празни трибини може да влијае врз мотивацијата на двете екипи.
Предлог тип: 1 & T12+ (1.83)
Црвена ѕвезда – Напредак (Суперлига на Србија, 18ч)
Српскиот фудбалски сојуз утрово воведе нови мерки за заштита од коронавирусот, што значи дека Делиите нема да бидат присутни на трибините на „Рајко Митиќ“ за време на овој меч. Црвена ѕвезда и без „12-от играч“ е апсолутен фаворит против тимот на Напредак од Крушевац, па така Црвено-белите не би требало да имаат проблем да ја продолжат низата без пораз која им трае од септември минатата година.
Ѕвезда има шест последователни победи против Напредок во кои постигна 12 гола, а не дозволи ниту еден во својата мрежа, меѓутоа три и пол години не се постигнале повеќе од три гола на меч меѓу овие две екипи.
Предлог тип: 4+ (1.70)
Јеовил – Барнет (Национална лига на Англија, 16ч)
Англиските петтолигаши, односно полупрофесионалците не застануваат со фудбалот иако првенствата од повисоките рангови се суспендирани додека трае пандемијата со коронавирусот.
На Јеовил му е потребно да го одржи победничкиот ритам и да е зацврсти на четвртото место на табелата за да обезбеди пласман во разигрувањата, но воедно може да атакува на третото место на кое стои Нотс каунти. Барнет сезонава го доби првиот дуел против Јеовил со минимални 1-0 на домашен терен, меѓутоа гостите во пресрет на овој меч не се во добра форма и им се предвидува разочарување, ако се знае дека Јеовил има само три порази од вкупно 18 меча на домашен терен оваа сезона.
Предлог тип: 1 (2.05)
Мајденхед – Стокпорт (Национална лига на Англија, 16ч)
Победа е потребна и за двете екипи, но трите бода ќе ги освои само една од нив. Мајденхед загуби во последните четири кола и сега мора да се спасува од зоната за испаѓање. Пред нив на 20-тото место на табелата стои Честерфилд со два бода повеќе, па резултат кој нема да биде во корист на домаќините ќе зададе дополнителни проблеми во обидот за опстанок.
Стокпорт пак, бие битка за едно од последните места кое води во разигрувањата за пласман погоре, односно во четвртата лига на Англија. Имаат ист број на бодови колку и седмопласираниот состав на Солихол, а целта е и во шестиот меч во низа да се остане непоразен. Воедно Стокпорт има намера да се реваншира за поразот од Мајденхед на почетокот од оваа сезона.
Предлог тип: X2 & 0-3 (1.98)