Бразилскиот фудбалер Рафаел Гоес да Силва е новото летно засилување на Работнички. Да Силва има одлични препораки откако мина дел од кариерата во младинската школа на Фламенго, па од него дебармаалци очекуваат многу.
„Потпишавме договор со бразилскиот интернационалец Рафаел Гоес да Силва. Има одлични препораки, ја минал младинската школа на славниот Фламенго и веруваме дека ќе биде квалитетно засилување за Работнички. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но по потреба може да одигра и во одбраната“, вели спортскиот директор Горан Станковски.
Работнички ќе му биде прв клуб во Европа на Да Силва, а Бразилецот може да дебитира во недела, на дуелот со Тиквеш во Скопје.