Има и мајстори кои погодија дека ќе биде „кец во два“ на Македонија – Украина (Фото)

Македонија водеше со 2:0 против Украина на полувреме, но на крајот загуби со 2:3, во меч од квалификациите за ЕП 2024 година. По завршување на дуелот, следуваа лавина на негативни коментари од македонската јавност.

Навивачите беа незадоволни од пораз на меч во кој до 60 минута нашата селекција водеше со 2:0. Најголем дел од коментарите се дека сомнежите се дека дуелот „бил наместен“, но секако тоа се само коментари на социјалните мрежи.

Од обложувачки аспект, малку веројатно беше дека може средбата да заврши „еден во два“, но во тоа верувал еден обложувач кој уплатил тикет во скопски Аеродром. Уплатата не е голема, се работи за 50 денари, но задоволството сигурно е огромно да се погоди еден ваков пресврт, а добивката од еден погоден дуел е 1.219 денари.

- Оглас -

Најнови вести