И покрај поразот од Бугарија од 0-1, Македонија сепак може да биде во четвртиот шешир при ждрепката на 9 октомври за квалификациите за Европското првенство 2024.
Ова е единствената добра вест за македонскиот национален тим вечерва, но тоа е условно. Во четвртиот шешир сигурно ќе бидат Азербејџан, Бугарија, Фарски Острови, Грузија, Грција, Казахстан, Луксембург и Турција.
Во петтиот остануваат Белорусија, Естонија, Гибралтар, Летонија, Литванија, Малта, Молдавија и Словачка.
Македонија, Кипар, Косово и Северна Ирска утре ќе знаат каде ќе бидат сместени. По две од тие селекции ќе бидат во петтиот и четвртиот шешир. Нам ни треба Северна Ирска да не победи на гостувањето во Грција, а би ни одговарало и нерешено на дуелот на Косово со Кипар.