Суперкласико меѓу Ривер плата и Бока јуниорс ќе се игра задутре во Мадрид, а организаторите се подготвија максимално за да се избегнат инцидентите.
Дербито на Јужна Америка поради познатите инциденти е преселено во Мадрид и по многу перипетии во недела навечер би требало да биде познат шампионот на континентот.
Сепак за секој случај организаторите се подготвени и за несакани ситуации, бидејќи станува збор за две навивачки групи кои се екстра непријателски настроени една кон друга, особено по атакот на навивачите на Ривер на автобусот што ги превезуваше фудбалерите на Бока кон „Ел Монументал“ на реваншот.
Ситуацијата ескалираше, па реваншот е преместен во Европа, во Мадрид, град кој подготви и план за евентуална евакуација од „Сантијаго Бернабеу“.
Сите што ќе присуствуваат на мечот ќе добијат инструкции како да се однесуваат во случај на пожар, на физички пресметки, и на ранети и на карјно екстремна ситуација и на жртви.