Ајакс е познат како вистинска фабрика на таленти со една од најдобрите младински академии на светот, но денеска им стигна фудбалски одговор од Гронинген, и тоа со убедлив триумф на фудбалерите до 17 години со 5-2.
Гронинген ја освои и титулата откако комплетно ги надигра талентите на Ајакс, што е еден вид изненадување.
Ајакс има одлично разработена стратегија за создавање на фудбалски таленти. Од Академијата на Копјаниците излегоа дузина светски познати фудбалски имиња, но денеска талентите на Гронинген беа многу поуспешни и со триумф од 5-2 ја освоија титулата.