Има и сигурици, но и дерби за титула во Премиер лигата, предизвикувачко коло на Спортска прогноза

Новото, 23-то коло на бесплатната Спортска прогноза носи 13 натпревари од кои најинтересен е Ливерпул – Манчестер сити, но и другите 12 се предизвикувачки за играчите да го погодат конечниот исход и да се дојде до вредни подароци од Sport Life.

Помеѓу 13-те натпревари од основната понуда, најголемо внимание привлекува дерби-дуелот од Премиер лигата, а и според досегашните проценти од играчите кои веќе се изјасниле и ги вметнале своите прогнози на дербито на „Енфилд“, каде што гостуваат Граѓаните, поделеноста е прилично голема.

Има уште цели три дена за типување, па тие проценти може и во голема мерка да се сменат. Засега најмногу прогнозери типувале нерешено, исход кој му одговара на Арсенал како трети тим во трката за титулата.

Кај некои парови веќе е јасно кои се фаворитите и огромен број прогнозери му даваат предност на еден од тимовите.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести