Има и вака во модерниот фудбал – Рафиња го продолжи договорот со Барселона и ја засили Селта

Барселона одигра чуден потег со Бразилецот Рафиња. Денеска, на последниот ден од летниот преоден рок, со него го продолжи договорот за уште една година и веднаш го испрати во Селта Виго.

Рафиња има 26 години и често го мачеа повреди, а во клубот е од 13-тата година. Еднаш веќе ѝ беше позајмен на Селта, потоа и на Интер, а сега пак ќе се сели во Виго.

Интересно е што досега одигра само 91 меч за Барса, а веќе има 11 титули во различни конкуренции со каталонскиот клуб.

Селта прифати да му ја плаќа истата плата што ја има во Барселона, а има и клаузула според која бонусите што може да ги заработи Бразилецот, можат да достигнат до 1,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести