Интересна промена носи новото коло од Спортска прогноза на Sport Life. Меѓу 13-те пара за овој викенд, има мечеви од две првенства кои ретко се дел од оваа игра. Се работи за дуели од хрватското и данското првенство.
Хајдук во Сплит е домаќин на Динамо Загреб, во дуелот на двата најтрофејни клуба во Хрватска. Динамо е лидер на табелата со 53 бодови, но Хајдук со победа може да се доближи само на два бода од Модрите, па тоа дава дополнителен шарм на ова дерби.
Од досега направените прогнози, над 50 отсто веруваат дека Динамо иако е гостин и иако ќе игра пред полни трибини во Сплит, на крајот ќе ги освои трите бода.
Борба за титулата има и во Данска. Митјиланд, кој е втор на табелата, е домаќин на лидерот Копенхаген. Со победа на домаќините, Митјиланд ќе се израмни по бројот на поени со големиот ривал, но помалку од 20 отсто веруваат во „кец“.
Стандардно, во секое коло главната премија е мобилен телефон „ајфон 12“, кој се доделува на оној што ќе успее да ги погоди сите 13 пара. Вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари следуваат за сите оние кои ќе имаат по 12 и 11 погодоци. Затоа не чекајте, одиграјте ја бесплатната игра на Спортска прогноза!