Има ли мајстори за македонски баскет? Фаворитите треба да победат со 10+ разлика

Два меча од македонското кошаркарско првенство се играат денеска. Песлитер е фаворит на гостувањето во Скопје кај ТФТ, а актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром во „Јане Сандански“ игра против Академија ФМП. Двата меча ги има во понудата на Sport Life.

Пелистер е единствен тим со перфектен биланс во домашното првенство и има 10 победи во исто толку натпревари, а сега гостува кај ТФТ во Скопје. Минатата сезона ТФТ успеа да го изненади фаворитот и дома победи со 97:82, но потоа во Битола загуби убедливо со 104:68.

Битолчани се фаворити, а според квотите во Sport Life, може да се одигра со хендикеп победа на гостите, над 9,5 поени, односно Пелистер да слави со двоцифрена предност. Пелистер овој меч го чека по три порази во низа во АБА 2 лигите, додека ТФТ има шест порази по ред во првенството и БИБЛ.

МЗТ Скопје Аеродром со биланс од осум победи и два порази е втор во првенството, а ФМП Академија игра солидно и нареди седум триумфи во досегашните 10 кола. Според квотите во Sport Life, хендикеп „кец“ за триумф на МЗТ Скопје Аеродром е со 13,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести