Има ли матни работи? Манчестер сити има спонзор што нема вработени и не се знае кој е сопственик

Манчестер сити повторно ќе биде под истрага во Англија, откако е откриено дека има спонзор што нема вработени, и речиси е без подвижен и недвижен имот, со проблематичен сопственик, а фирмата е сепак регистрирана во Англија и тоа во Ватфорд.

Се наведува дека се работи за фирма од Катар што работи на пазарот со криптовалути, а ова е веќе втор сомнителен случај кај шампионот на Англија.

Сега се работи за фирмата „Вега“ која е со сомнително потекло и капитал, без работници и без многу други пропратни елементи, а Манчестер сити претходно прекина договор со слична фирма што требаше да биде нов спонзор.

Вега организираше Светски куп во фудбал на интернет, или популарниот „ESport World Cup“ до награден фонд од 15 милиони долари, но се уште нема официјални податоци од турнирот и како се поделени наградите.

Манчестер сити е постојано под надзор со договорите за спонзорства, но досега шампионот на Англија е казнет со 10 милиони евра, затоа што не соработуваше со Финансиската контрола на ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести