Има ли надеж за макфудбалот? Нема временска рамка за продолжување на сезоната

Македонскиот фудбал има сè поголеми проблеми со доигрувањето на сезоната 2019/20, а денешниот одговор од Министерството за здравство до Фудбалската федерација на Македонија дека не се во можност да понудат временска рамка за камбек на терените најавува и можен предвремен крај на шампионатот.

Кризниот штаб за справување со кризата нема точна препорака дали, кога и како би се доиграле Првата и Втората македонска фудбалска лига.

 

Фудбал кај нас не се игра од 11 март, кога на распоред беше 23-тото коло и оттогаш немаше речиси никаков абер, ниту план како да се заврши сезоната.

Вардар е лидер со 10 бода предност пред Силекс и 11 од актуелниот шампион Шкендија, што е солидна предност и најава за вкупно 11-тата титула на најтрофејниот македонски клуб, ако се доигра сезоната.

- Оглас -

Најнови вести