Има ли некој да стави крај на оваа брука, еве на што личи официјалната страна на ФФМ на ФБ

Фудбалска федерација на Македонија веќе три месеци никако не успева да ја врати контролата на официјалната фејсбук страница. Веќе неколку месеци, на страницата која треба да служи за промоција на македонскиот фудбал, репрезентација и активностите во ФФМ, сега е место каде се постираат најразлични глупости, кои немаат никаква допирна точка до фудбалот.

Пред еден и пол месец, портпаролот на ФФМ Златко Андоновски ни изјави дека проблемот е пријавен и дека се чека решение, кое засега не само што уште го нема, туку ФБ страницата која ја следат повеќе од 130.000 профили е место каде што може да се видат секакви работи кои немаат допирна точка со фудбалот.

Хакирана беше страната во периодот кога гостувавме во Манчестер против Англија, останува да видиме дали проблемот ќе се реши до 9 септември кога во Скопје ни доаѓа актуелниот европски првак Италија.

- Оглас -

Најнови вести