Секое коло има многу интересни обложувачки приказни, случувања и тикети кои на среќен начин станале добитни, но и оние кои малку фалело да направат некој обложувач добро да се офајди. Една таква приказна доаѓа и со тикетот кој викендов бил уплатен во Скопје.
Обложувач уплатил минимални 20 денари, а на тикетот наредил 10 натпревари со една единствена игра, а тоа е на сите мечеви да има 2-3 погодоци во првото полувреме. Коефициентите на овој тип игра се навистина привлечни, па токму затоа и вреди да се одиграат таквите комбинации.
Од 10-те натпревари кои беа уплатени на тикетот, дури на девет средби во првите 45 минути имаше меѓу два и три погодоци: Блекбурн – Бристол (1:1 на полувреме), Хетафе – Еибар (1:1), Хофенхајм – Унион Берлин (3:0), Магдебург – Баерн Минхен аматери (2:0), Верона – Калјари (2:1), Тирол – Австрија Виена (1:1), Динамо Брест – Городеја (1:1), Спарта Прага – Либерец (2:1) и Холбаек – Вејгард (1:1).
Тоа што е најинтересно на овој тикет е дека прв меч кој е напишан е дуелот меѓу Вест хем и Вулверхемптон и токму тој е „мината“ поради кој ливчето не е добитно. Мечот од Премиер лигата во првото полувреме заврши 0:0, односно немаше два до три гола. Поради овој резултат, обложувачот остана без посакуваните 790.000 денари.
Погледнете го најмалерозниот тикет во последниот период.