15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Има ли шанса Македонија против Шпанија? Белорусите убедливо ја надиграа Турција

Европските квалификации за Светското првенство во кошарка почнаа со сензација, Белорусија ја совлада Турција со 84-70 и можеби им даде ветер во грб на аутсајдерите дека не треба да се плашат од некомплетните фаворити.

Утревечер во „Јане Сандански“ ни гостува Шпанија со Б состав и можеби Македонија ќе го повтори подвигот на Белорусија, која сигурно не би славела против Турција ако за Турците играа евролигашките и НБА-ѕвездите.

Во нивната група се и Велика Британија и Грција, па Турците ќе мора да најдат начин како на следните мечеви да играат во посилен состав за да избегнат срам и отсуство од втората фаза квалификации за Мундобаскетот во 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести