Вистинските возбудувања во Серија А започнуваат денеска. Интер кој е во трка за титулата, игра заостанат меч против Сампдорија. Нераѕурите се големи фаворити и никако не смејат да дозволат кикс, доколку сакаат да останат во трка за Скудетото.
Според актуелната ситуација на табелата, Интер има 54 бодови, дури девет помалку од лидерот Јувентус, а осум зад второпласираниот Лацио. Оваа разлика може да биде смалена за три бода, ако избраниците на Антонио Конте вечерва се радуваат на „Џузепе Меаца“.
Сампдорија е тим кој се бори за опстанок и има само еден бод повеќе од зоната за испаѓање. Кога игра на гости, Сампдорија претрпе седум порази во 11 средби сезонава, додека Интер на свој терен има само еден пораз во 11 средби. Традицијата на меѓусебни дуели вели дека Интер е доминантен во последните пет пресметки и има исто толку победи.
Интер сигурно ќе биде без хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ кој се повреди и ќе паузира најмалку два меча. Во изминативе неколку дена Брозовиќ беше актуелен во Македонија по неговиот хуман гест да донира 3.000 евра за операција на една девојка од Македонија.
Ако се знае дека во последните 13 дуели само еден меч завршил нерешено, дека екипите играат без многу калкулации, а дека сега Интер како домаќин е апсолутен фаворит, ова е еден од оние натпревари кои денеска треба да бидат „подарок“ за обложување во Sport Life.