Иранскиот шампион во бокс, Мохамед Џавад Вафаеи Сани, е во сериозна опасност од егзекуција во Иран, објави „Гардијан“. Вафеи Сани има 30 години и беше уапсен во 2020 година поради учество во протести против иранските власти, или „продемократски“ протести. Боксерот е обвинет за поддршка на Народната муџахединска организација на Иран (МЕК), која Иран ја означува како терористичка организација.
Тој со години бил мачен во затвор и сега се соочува со егзекуција откако Врховниот суд на Иран го отфрли неговото барање за повторно судење.
Вафеи бил мачен и држен во самица пет години, а неговото барање за ново судење било одбиено на 15 декември. Истиот ден, на неговата мајка неочекувано ѝ била одобрена посета, што во Иран се смета за знак дека наскоро ќе биде погубен. Телефонски повик од затворот ѝ кажал дека неговиот случај е препратен до затворското одделение во Машхад.
„Животот на Вафаи Сани е во сериозна опасност и неговата егзекуција може да се изврши во секој момент“, предупреди Шахин Гобади, член на Комитетот за надворешни работи на Националниот совет за отпор на Иран, коалиција на опозициски движења.
Гобади потсети дека во текот на изминатите шест години, иранските власти користеле тешки форми на тортура за да го принудат да се откаже од Народната муџахединска организација на Иран (МЕК).
Вафаеи Сани беше осуден за корупција и осуден на смрт по трет пат во септември 2024 година, по она што Амнести интернешнл го опиша како „крајно нефер судење“. Врховниот суд на Иран ја потврди смртната казна на 4 октомври.

