Има ли ТФТ Скопје сили за уште една победа или МЗТ Скопје Аеродром ќе се радува на нова титула

Четвртиот меч од финалната серија во кошаркарското првенство на Македонија продолжува вечерва во СРЦ „Кале“. ТФТ Скопје вторпат ќе биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром, а почетокот е во 19:30 часот.

Аеродромци водат со 2:1 во победи и вечерва ќе ја имаат втората шампионска топка, додека ТФТ ќе се обиде да израмни на 2:2 во победи и да се избори за евентуална мајсторка.

Хендикеп за ТФТ ќе биде тоа што кај домаќините ќе го нема Зек Браун, кој се повреди во финишот на третата средба и за него е завршена сезонава. ТФТ сонува за освојување на првата титула, додека МЗТ Скопје Аеродром се надева да ја продолжи доминацијата и да стигне до 12-тата шампионска титула во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести