Сопственикот на Милан, Иван Газидис е упорен во намерата да изгради нов стадион, за како што вели да се направи голем чекор кон кам-бек на клубот во врвот на европскиот фудбал, а навивачите се против уривање на култниот „Сан Сиро“.
„Знам дека има многу емоции, спомени, среќни и убави моменти што на Милан му се случувале на Сан Сиро, но сега е неопходно да имаме нов модерен стадион, ако сакаме да се вратиме во врвот на европскиот фудбалски крем“, изјави Газидис.
Грото од навивачите на клубот се против уривање на „Сан Сиро“ стадион кој постои од 1926 година и е еден од најпознатите во светот на фудбалот.
Четирипати е реновиран, а тука своите натпревари како домаќин ги игра и Интер, но тогаш стадионот го менува името во Џузепе Меаца.