Одиграјте го првото коло на Спортска прогноза со многу новитети – Прогнозерите веќе го отпишаа Манчестер јунајтед во вечното дерби со Ливерпул

Новата сезона на Спортска прогноза, петта во организација на Спорт Манија и Sport Life, почнува викендов со првото коло, а играта веќе е во тек и не пропуштајте да се приклучите со вашите прогнози до сабота, до 15.30 часот.

Има многу новитети, а главна новина е што за 13 погодоци, подарокот веќе не е „ајфон“ како досега, туку најуспешниот ќе може да бира меѓу смарт телевизор Самсунг 55” 4K, електричен тротинет Xiaomi и Икс бокс Series X.

Кога има избор, сè е полесно, а првото коло има 12 пара од Топ-5 лигите плус големото дерби во Португалија меѓу Порто и Спортинг.

Во фокусот е вечното англиско дерби меѓу двете најтрофејни екипи Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Се игра на „Олд Трафорд“ во понеделник од 21 часот, а како никогаш досега, Ливерпул е фаворит.

Црвените ѓаволи почнаа катастрофално во новата сезона во Премиер лигата, со два порази и гол-разлика од 1:6, па дури 73 отсто од прогнозерите што веќе типуваа на популарната 13-ка во првото коло очекуваат нов пораз на тимот од Манчестер.

Има многу интересни мечеви, награди, се добиваат ваучери од 1.000, односно 500 денари за една, односно две утки, не треба да се заборави и трката за нов шампион во Генерален пласман, а најважно од сè е дека играта е бесплатна и е забавна.

Приклучете се и вие во играта само со еден услов, а тоа е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија за да се погоди 13-ка со топ награди.

 

- Оглас -

Најнови вести