Има многу поголеми малери од Ливерпул: Победија на сите 27 меча, ама џабе им е

Навивачите на Ливерпул уште се во исчекување дали сезонава ќе го прекинат 30-годишниот пост и конечно ќе се израдуваат на титулата. Ливерпул е убедлив лидер во Премиер лигата со 25 бода пред вториот Манчестер сити, но поради пандемијата со Коронавирусот, фудбалските возбудувања беа сопрени.

Засега не се знае дали првенството во Премиер лигата ќе продолжи или ќе се прогласи сезоната за нерегуларна и ќе се поништи. Доколку се случи втората варијанта, ќе биде џабе што Ливерпул имаше историска сезона и ќе остане без трофејот.

Сепак, дури и тоа да се случи, Ливерпул нема да биде најдоминантниот тим што би останал без посакуваниот трон. Екипата на Џерси булс е дел од пониските лиги во Англија, а сезонава играше неверојатно во својата конкуренција. Џерси булс победи на сите 27 меча кои го одигра до прекинување на првенството.

Фудбалската федерација на Англија одлучи да ги прекине натпреварувањата во пониските лиги и да се поништат сите резултати. Тоа значи дека Џерси булс остана без планираната промоција во повисок ранг иако имаше 27 победи во 27 средби.

„Тешко е тоа да се прифати. Сепак поради тоа што сега се случува, фудбалот сега треба да се прекине. Здравјето и сигурноста е пред сѐ. Сепак, ние вложивме многу труд, а се чувствуваме како залудно да игравме цела сезона“, вели еден од најдобрите играчио на Џерси булс, Лук Кембел.

 

- Оглас -

Најнови вести