Има над 100 настапи за Мексико, ама си признава – Во Италија сфатив дека не знам да играм одбрана

Хектор Морено е една од живите легенди на мексиканскиот фудбал и по долго патешествие од 11 години минати во европските клубови, сега игра за катарска Ал-Гарафа.

Стоперот на мексиканската репрезентација со 104 настапи во дресот со национални обележја не крие дека најмногу потфрлил при престојот во Рим, во дресот на Рома, а искрено признава дека на 29-годишна возраст сфатил дека не знае да игра одбрана.

„Во Пумас играв на 15 години и тогаш ми беше нормално да учам како се игра во дефанзива. Потоа минав неколку години во АЗ Алкмар, Еспањол и ПСВ Ајндховен, но дури кога пристигнав во редовите на Рома, сфатив што е вистинска дефанзива во фудбалот. Не се снајдов најдобро и некако во себе си велев дека и на 29 години на знам да играм во одбрана“, изјави Морено за „Мултимедио депортес“.

Морено кратко се задржа во редовите на Римската волчица, играше само една сезона, 2017/18, и имаше само пет настапи во Серија А.

Сега има 32 години, сè уште настапува за Мексико, а на клупски план продолжи во Катар, во редовите на Ал-Гарафа.

- Оглас -

Најнови вести