Има надеж, во Кина се одржа првиот спортски настан по Kоронавирусот

Добри вести дојдоа од кинескиот град Ченгду. По укинувањето на карантинот и отворањето на училиштата и градинките, таму се одржа и едно спортско натпреварување.

Кина полека се враќа во нормала, а доказ за тоа е и трката на 6 километри која се одржа во градот Ченгду. Имаше 1.000 учесници, а трката е одржана под строги мерки за заштита. Учесниците носеа маски, пред стартот на сите им се мереше температура, а стартот не беше групен, туку секој тргна сам по одреден временски интервал по претходникот.

Ова е само мал чекор кон нормализацијата, но секако е позитивна вест за Кина и спортот во светот.

- Оглас -

Најнови вести