15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Има топ статистика – Елмас е во друштво на најголемите ѕвезди, зад него се Роналдо, Кјеза, Модриќ…

Елиф Елмас е на 11-тото место според статистичките категории на УЕФА во квалификацискиот циклус за Светското првенство во Катар.

Нашиот фудбалски дијамант има вкупно 121 поен, собрано во неколку фудбалски категории што ги мери „Федекс перформанс“, партнерот на УЕФА.

Елмас во квалификациите, што за Македонија ќе продолжат со дополнителни баражи за настап на СП во Катар, има 88 отсто прецизни додавања, 45 проценти успешни продори и дури 35 одземени топки и е зад Мбапе, Бензема, Бускетс, Ојарзабал, Депај, Караско, Гриезман, Крамариќ, Тео Ернандес и Томас Милер.

Елмас се најде пред ѕвезди од калибарот на Роналдо, Модриќ, Кјеза…

Македонија има уште еден репрезентативец во Топ-20, а Дарко Велковски е на одличното 15-то место со 112 поени.

Од нашите репрезентативци потоа следуваат: Џани Алиоски на 35-тото место, Александар Трајковски, кој е 45-ти, Енис Барди на 57-мата позиција….

 

- Оглас -

Најнови вести