Академијата на Барселона, Ла Масија, важи за вистинска фабрика за фудбалери, а играчите кои ќе се префрлат во сениорската екипа, потоа тешко се одлучуваат да го напуштат „Камп Ноу“. Еден од нив
Еден од нив е и дефанзивниот фудбалер за врска, Марк Касадо, кој во 2022 боди шанса од Чави да дебитира во првата екипа на Барселона. Фудбалерот пристигна во Ла Масија кога имал само 13 години, ги мина сите младински категории, а беше и капитен на селекцијата до 19 години.
„Би сакал целата кариера да ја минам во Барселона и тука да завршам. Тоа е мојот сон, бидејќи ова е клубот кој го сакам.“ – изјави младиот Касадо и ги воодушеви навивачите на „каталонците“.
Марк Касадо оваа сезона настапи на 35 натпревари за Барселона со ефект од еден гол и пет асистенции. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно два натпревари, а доби повик од Де ла Фуенте и за двомечот против Холандија во Лигата на нации.