Македонскиот фудбалер Елиф Елмас вчера против Аталанта го постигна својот трети гол во Серија А сезонава, и тоа му е најефикасна сезона откако потпиша за Наполи.
Голот на Елмас беше многу важен, го држи Наполи во трка за титулата. Елмас на терен влезе како резерва, но тоа не му пречи. Тренерот Лучано Спалети има голема доверба во него.
Елиф кој во септември ќе наполни 23 години, во Наполи дојде во летото 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра плус 2,5 милиони бонуси, и веќе има 120 настапи на официјални мечеви за Наполи. Веќе е во топ 100 со најмногу настапи, во историјата на Наполи, а со следниот гол ќе биде и во топ 100 стрелци.
Договорот на Елмас со Наполи истекува во 2025 година. Некои веруваат дека вреди најмалку 45-50 милиони евра, на Трансфермаркт моментната вредност му е 25 милиони. Како и да е, македонскиот дијамант ги живее најубавите денови откако е член на Наполи и има добра шанса да му се придружи на Горан Пандев како Македонци кои го освоиле Скудетото во Серија А.