Има само еден начин Алегри да си замине од Јувентус и тој станува се поверојатен

Масимилијано Алегри јасно потенцираше дека не размислува да си замине од Јувентус и смета дека сезоната која неодамна заврши е успешна за Старата дама. Алегри има уште две години од договорот и потенцираше дека ќе остане во италијанскиот гигант, но сега работите полека како да се менуваат.

Според италијанските медиуми, во наредите 48 часа може да се случи Алегри да си замине, затоа што пристигнале понуди од Саудиска Арабија. Тренерот на Јувентус сега заработува по седум милиони евра по сезона, а се шпекулира дека понудата која ја добил од Саудиска Арабија е за три-четири пати поголема плата од тоа што сега го добива.

Јувентус заврши на седмото место на табелата во Серија А, но тоа беше поради одземените 10 бодови од челниците на лигата. Старата дама ќе игра во Конференциската лига, а доколку не беше казнет со 10 бодови, тимот ќе играше во Лигата на шампиони, затоа што ќе завршеше на третото место во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести