Игор Штимац е единствениот познат фудбалски ас што точно ги погоди сите четири полуфиналисти на Мундијалот во Катар и предвиде дека Хрватска, Аргентина, Франција и Мароко ќе останат во игра за Златната божица.
Штимац не успеа со Хрватска во 1998 година, кога Коцкестите играа извонредно, но стасаа до бронзен медал, а Игор беше столб во одбраната.
Сега е селектор на Индија, а прецизно ги погоди сите полуфиналисти во Катар.
Штимац сигурно ќе навива за Хрватска да го освои пехарот во Катар, а на Коцкестите им треба победа утре од 20 часот против Аргентина, за потоа да имаат шанса да настапат во финалето против актуелниот светски првак Франција, или против Мароко.
Во Русија во 2018 година Хрватите загубија во финалето од Франција со 2:4 и вкупно имаат два медали, бронза од 1998 година и сребро од пред четири години.