Има само една нога, но вистински мајстор е со топка (Видео)

Турчинот Бариш Тели, кој има само една нога, е амбасадор на УЕФА и сака да докаже дека сништата може да си исполнат дури и ако имаат хендикеп како неговиот.

Бариш ја загубил десната нога (од колено надолу) кога имал 4 години. Бил удрен од автомобил откако истрчал на улица за да ја земе топката со која играл фудбал со другарчињата. Сега, 25 години подоцна, тој е дел од турската репрезентација која е европски првак во фудбал за играчи со ампутирани нозе.

Пораката која ја испраќа е дека никогаш не треба да се откажувате, а како игра фудбал само со една нога и со помош на патерици, можете да видите на видеото:

- Оглас -

Најнови вести