На промоцијата на Еден Азар во Реал Мадрид, меѓу оние нешто повеќе од 50.000 навивачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, имаше и еден кој се разликуваше од сите други, по тоа што дојде во дрес на лутиот ривал Барселона.
Навивачите на Реал кои седеа околу него беа зачудени, не знаеја дали е провокатор или бил проморан поради некаков загубен облог да облече дрес на Барса, но секако го натераа да го соблече. Кога го соблече дресот на каталонците, доби овации од присутните, а фановите секако упатија и погрдни зборови кон актуелниот шпански првак.
Погледнете како изгледаше целиот „инцидент“:
https://twitter.com/i/status/1139218663909797889