Голем инцидент се случи вчера во близина на „Вембли“, пред дербито меѓу Англија и Германија, а има и сериозно повредени луѓе кои се пренесени во болница.
Дел од германските навивачи кои допатуваа во Англија се преоблекле во облека со националните симболи на Гордиот Албион и со мачети ги нападнаа домашните симпатизери во „Грин Мен“ пабот во Лондон.
Инцидентот е сериозен, пет лица се тешко повредени и завршија во болница, а има уште дузина што се пожалија на повреди на лицето и нозете.
https://twitter.com/EnglidsAway/status/1574455637286785024?s=20&t=_9XuvD8Y57nzJp1v29kfvA
Мечот што се играше на „Вембли“ во Лондон заврши нерешено 3:3, а европскиот класик немаше посебно резултатско значење бидејќи беше познато дека Англија ќе испадне во Сегментот Б од Лигата на нациите, а Германците завршија на третото место, зад Италија и Унгарија, а само пред Англичаните.