Има сомнежи дека и мечот Ливерпул – Атлетико бил „биолошка бомба“

Не само дуелот на Аталанта и Валенсија во Милано, туку и мечот Ливерпул – Атлетико Мадрид, кој се играше со публика, придонел за ширење на Коронавирусот.

Шпанската влада тврди дека во таа земја се ближи врвот на бројот на заболени, има многу заразени и починати, а претпоставките се дека критични моменти за ширење на вирусот биле демонстрациите во Мадрид на Денот на жената 8 Март, како и присуството на 3.000 навивачи на Атлетико Мадрид на гостувањето во Ливерпул на 11 март.

Кога Атлетико и Ливерпул играа на 18 февруари во Мадрид, во Шпанија имаше само двајца заразени, а три недели подоцна бројката скокна на 2.152.

И во Ливерпул се сомневаат дека кај нив заразата дошла преку фановите на Атлетико, кои 24 часа одеа во барови, продавници и на јавни места во градот на Битлси, како и на стадион, каде што беа со уште 50-тина илјади навивачи на Црвените.

- Оглас -

Најнови вести